ВМРО-ДПМНЕ: Да запре злоупотребата на институциите
Според опозициската партија, Република Македонија во 21 век ја живее новата инквизиција. Нема да тргне ни чекор кон ЕУ и НАТО сѐ додека институциите се користат за пресметка со политичкиот противник.

Судовите не треба да бидат соизвршители на политички монтираниот случај за тероризам против десетици граѓани за настаните од 27-ми април, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Судската власт треба да биде гарант на законитоста во кривичните постапки, а не алатка во процесот на политичка пресметка и не смее да остане нема на прекршувањата што ги нотираше Народниот правобранител, стои во дописот.
Според опозициската партија, Република Македонија во 21 век ја живее новата инквизиција. Нема да тргне ни чекор кон ЕУ и НАТО сѐ додека институциите се користат за пресметка со политичкиот противник.
Демократијата и правната држава се право на граѓаните и тоа право не смее да им биде скратено. Невините и неправедно притворени мора да бидат ослободени.
