Османи во вторник во Атина на средба со Коѕијас
Во рамките на посетата, вицепремиерот Османи ќе оствари одвоени средби со Никос Коѕиас, министер за надворешни работи на Република Грција, како и со заменик министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос...

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, во вторник ќе биде во работна посета на Атина, при што ќе има оставри средби со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и заменик - министерот за надворешни работи Јоргос Катругалос.
Во рамките на посетата, вицепремиерот Османи ќе оствари одвоени средби со Никос Коѕиас, министер за надворешни работи на Република Грција, како и со заменик министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос. На средбите ќе бидат отворени прашањата поврзани со европските интеграции на Република Македонија, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.
