Воздухот во Скопје и неколку градови низ Македонија и денеска загаден

10.01.2018 11:34

Највисоки концентрации на ПМ10 честички повторно има во Лисиче 187 микрограми на метар кубен, Ректорат 173, Центар 107, Гази Баба 104, Карпош 92...

Воздухот во Скопје и во неколку градови низ земјава и денеска е загаден над дозволеното. Највисоки концентрации на ПМ10 честички повторно има во Лисиче 187 микрограми на метар кубен, Ректорат 173, Центар 107, Гази Баба 104, Карпош 92.

Во другите градови највискои концентрации на ПМ10 честички се измерени во Битола 135 микрограми на метар кубен, Кочани 126, Кичево 117, Тетово 109 и Кавадарци 87.

По добиените информации дека квалитетот на воздухот во Скопје последователно два дена е загаден над дозволеното, повторно беа активирани мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето.