Апелација ќе ги разгледува жалбите за притворот на дел од осомничените за собраниските настани

10.01.2018 11:46

Повисокиот суд чекаше Вишото јавно обвинителство да одговори на жалбите за да може да закаже седница. Апелација денеска ќе одлучува за притворот на Оливер Поповски, актерот Владо Јовановски и Горан Ѓошевски.

За во 14 часот во Апелацискиот суд се закажани јавните седници на коишто се одлучува за притворите на осомничените кои според обвинителството учествувале во настаните од 27 април. Во притвор се 23-ца, но до второстепениот суд се пристигнати 16 жалби на одлуката на Кривичниот совет за продолжување на притворите.

Повисокиот суд чекаше Вишото јавно обвинителство да одговори на жалбите за да може да закаже седница. Апелација денеска ќе одлучува за притворот на Оливер Поповски, актерот Владо Јовановски и Горан Ѓошевски.

Меѓу притворените се и тројцата пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, а истрага се води и против поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков како и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Игор Дурловски и Богдан Илиевски.