Бесплатен јавен превоз во Скопје поради аерозагадувањето

10.01.2018 12:09

Мерките за заштита од загадувањето ги прогласува Владата и Градот Скопје кога во два последователни дена ќе се измерат концентрации над 200 микрограми на најмалку две мерни станици.

Воздухот во Скопје и денеска е загаден. Сѐ уште се на сила се владините мерки против аерозагадувањето, јавниот превоз останува бесплатен. Највисоки концентрации на ПМ-10 честички денес се измерени во Лисиче 187 микрограми на метар кубен, Ректорат 173, Центар 107.

Мерките за заштита од загадувањето ги прогласува Владата и Градот Скопје кога во два последователни дена ќе се измерат концентрации над 200 микрограми на најмалку две мерни станици.

Дел од мерките на Владата предвидуваат слободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар и да се обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба.