Британски Парламент: Забележителен напредок за евроатлантските интеграции на Македонија
Во Македонија живеат 1.350.000 Македонци, сите во земјава, нема Македонци во опкружувањето- пишува во извештајот на Комитетот за надворешни работи на Британскиот Парламент објавен денеска. Направен е забележителен напредок за евроатлантските интеграции, 70 насто од анкетираните се за приклучување кон НАТО. Македонија сѐ уште ја спречува блокадата од Грција поради разликата околу името- пишува во извештајот за Западен Балкан.

„Македонска пролет, по одреден период на политичка нестабилност“- е оценката на Комисијата за меѓународни односи на Парламентот на Велика Британија. Во извештајот е сублимирано дека и покрај дводеценискиот спор за името со Грција, во Македонија 70% од населението се залага за пристапување кон евроатланските интеграции, особено кон НАТО.
„Министерот за надворешни работи Никола Димитров верува дека има шанси за напредок. Тој се надева дека ќе ја претстави Македонија како сојузниук на Грција и ќе изгради позитивна врска за решавање на спорот со имато“- е наведено во извештајот на Британскиот Парламент.
Во деталната анализа за политчките прилики на Западен Балкан опфатена е и етничката структура на народите. Според овој документ, во Македонија живеат 1.350.000 Македонци, и нѐ нема како малцинство во нашето опкружување, од друга страна Србија има 20% дијаспора во соседството, додека пак Албанија го држи приматот со 47% од своето население, најмногу во Косово и во Македонија.
Сѐ уште отвореното прашање меѓу Белград и Приштина, може да се прелее во Босна и Херцеговина и Македонија, се вели во извештајот на Британскиот Парламент.
Западен Балкан сѐ уште пресатвува извор на нестабилност во Европа. Вестминстер препорачува да не се брза со интеграција доколку државите не се целосно подготвени, а евроатланските институции да не ги намалуваат критеримите за членство.
Марина Стојанова- Тонева
