Премиерот Заев ќе раководи со Советот за спроведување на стратегијата во правосудството
Претседателот на Владата, Зоран Заев ќе раководи со Советот надлежен за спроведување на стратегијата во правосудството- ова е решено на вчерашната владина седница. Владеењето на правото е еден од критериумите за придружување кон ЕУ и НАТО.

Нов Совет за следење на спроведувањето на судските реформи ќе биде формиран до крајот на јануари, информира владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Сѐ уште не се открива кој и колкумина ќе членуваат во новото владино тело, но со него ќе раководи премиерот Зоран Заев. Од Владата велат дека досегашниот совет во Министерството за правда успешно и професионлано си ја завршил работата зададена со планот во делот 3 и 6.
Владата не сака да навлегува во конкретни расправи во однос на преговорите за името, но се оди кон тоа дека постои можно решение кое одговара на двете страни, посочи владиниот портпарол, одговорајќи на новинарски прашања.
БЕСА ќе ги поддржи реформските закони кои ќе стигнат во Собранието. Оваа партија и ДПА нема да влезат во Владата.
Бошњаковски информираше дека Владата го доставила до Собранието Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачите. На седницата е назначен и главен државен пазарен инспектор и дека се утврдени неколку други кадровски решенија.
Бошњаковски информираше дека премиерот со неговото семејство до 17-ти јануари ќе биде на зимски одмор во Италија.
Фиљана Кока
