Апелација ќе расправа за четири жалби на притворените за собраниските настани

11.01.2018 11:56

Ќе се разгледуваат четири жалби, меѓу кои и оние на поранешниот министер Митко Чавков и оперскиот пејач Игор Дурловски.

Во Апелацискиот суд се закажани јавните седници на коишто се одлучува за притворите на дел од осомничените кои според обвинителството учествувале во настаните од 27-ми април.

Ќе се разгледуваат четири жалби, меѓу кои и оние на поранешниот министер Митко Чавков и оперскиот пејач Игор Дурловски.

За собраниските настани од 27-ми април минатата година во притвор се 23 лица. Меѓу притворените се и тројцата пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, а истрага се води и против организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски и Богдан Илиевски.