Апелација расправа за жалбите за притворените за собраниските настани

11.01.2018 14:59

Се разгледуваат четири жалби, меѓу кои и оние на поранешниот министер Митко Чавков и оперскиот пејач Игор Дурловски.

Во Апелацискиот суд Скопје почнаа јавните седници на кои се одлучува за притворите на дел од осомничените кои според обвинителството учествувале во настаните од 27-ми април. Се разгледуваат четири жалби, меѓу кои и оние на поранешниот министер Митко Чавков и оперскиот пејач Игор Дурловски.

За собраниските настани од 27-ми април минатата година во притвор се 23 лица. Меѓу притворените се и тројцата пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов. Истрага се води и против организаторите на протестите за заедничка Македонија, Борис Дамовски и Богдан Илиевски.

Во изјавата пред скопска Апелација ексминистерот Чавков со став дека работел професионално и не сторил никакво кривино дело. Смета дека апсењето било незаконско и немал намера да бега.