Апелација ќе расправа за жалбата на пратеникот Сашо Василевски
Тој е осомничен дека заедно со други пратеници ги отворил вратите во Собранието на 27-ми април, кога се случи упадот во законодавниот дом и беа нападнати пратеници и новинари.

Во Апелациониот суд за денеска е најавена уште една јавна седница на која ќе се расправа по жалбата за продолжениот притвор на пратеникот Сашо Василевски. Тој е осомничен дека заедно со други пратеници ги отворил вратите во Собранието на 27-ми април, кога се случи упадот во законодавниот дом и беа нападнати пратеници и новинари.
Вчера во судот се разгледуваа жалбите на екс- министерот за внатрешни и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, на оперскиот пеач Игор Дурловски, како и жалбите на Мунир Пепиќ и Душко Лазаров.
Во текот на денот се очекува судот да објави дел од одлуките за жалбите.