Џакарта: Се урна кат од зградата на берзата, 75 повредени

15.01.2018 11:29

Исламските екстремисти изведоа бомбашки напад на една од двете кули на индонезиската берза во 2000 година.

75 луѓе биле повредени кога се урна кат во зградата на Индонезиската берза. Портпаролот на државната полиција на Индонезија соопшти дека причина за уривањето не е бомба.

Исламските екстремисти изведоа бомбашки напад на една од двете кули на индонезиската берза во 2000 година.

Според шефот на берзата, сите членови на берзата се безбедни, а системот не бил попречен, поради што берзата продолжува нормално да функционира.