Багдад: Жртви и повредени во бомбашки напад
15.01.2018 11:57
Пред два дена беше извршен сличен напад во кој загинаа и припадници на полицијата. Ниедна група не презеде одговорност.

Речиси 30 луѓе загинаа, а 60 се ранети во двојна експлозија во Багдад. Бомбаши-самоубијци детонираа појаси со експлозив во група работници на плоштадот во Центарот на градот.
Пред два дена беше извршен сличен напад во кој загинаа и припадници на полицијата. Ниедна група не презеде одговорност.
Во декември, ирачкиот министер Хајдер Ал Абади прогласи победа над Исламска држава, најавувајќи крај на тригодишната војна против терористите во земјата.
