Нимиц: Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во името

17.01.2018 10:19

Mедијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц, во интервју за грчката телевизија „Антена“, истакнал дека терминот „Македонија“, ќе биде дел од предлозите за конечното решение на спорот за името меѓу Македонија и Грција...

Пред денешната рунда разговори за името во Њујорк со преговарачите Наумовски и Василакис, медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц, во интервју за грчката телевизија „Антена“, истакнал дека терминот „Македонија“, ќе биде дел од предлозите за конечното решение на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

Во разговорот за „ТВ-Антена“ Нимиц со став дека во овој важен момент меѓународната задница бара наоѓање пристојни решенија кои ги задоволуваат аспирациите на двете земји.

Грција според Нимиц е повикана да одигра важна улога во проблематичниот регион на југоисточниот дел од Медитеранот, додека Македонија се надева на европски и северноатлантски курс.

Нема волшебно решение, потсетува Нимиц, според кого станува збор за 25 години преговори во кои биле разгледувани повеќе различни предлози.