Вицепремиерот Османи во посета на Тирана

17.01.2018 10:22

На средбите ќе се разговара за билатералната и за регионалната соработка, проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан, како и за унапредување на меѓусебните односи на Република Македонија и Република Албанија.

Вицепремиереот за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Тирана, каде што ќе оствари средби со државниот врв на Република Албанија. Османи ќе оствари одвоени средби со претседателот Илир Мета, спикерот на парламентот Грамоз Ручи, министерот за европа и надворешни работи Дитмир Бушати, како и со претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша.

На средбите ќе се разговара за билатералната и за регионалната соработка, проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан, како и за унапредување на меѓусебните односи на Република Македонија и Република Албанија.

Како што е соопштено, посетата на Тирана е дел од мини- балканската турнеја која вицепремиерот Османи ја почна со посетата на Атина на почетокот на месецов и ќе продолжи со посета на Белград, а потоа и на Софија.