Прага
Чешката Влада поднесе оставка
17.01.2018 14:42
При вчерашното гласање во пратеничкиот дом на Парламентот, „за“ доверба на малцинската влада на Бабиш гласаа само 78-те пратеници од неговата Популистичка партија „Акција на незадоволните граѓани“ (АНО).

Владата на чешкиот премиер Андреј Бабиш поднесе оставка, откако не ја доби довербата на Парламентот на Чешка. Во соопштението од Владата понатаму стои дека кабинетот ќе продолжи да ги извршува своите обврски се до изборот на нова Влада.
При вчерашното гласање во пратеничкиот дом на Парламентот, „за“ доверба на малцинската влада на Бабиш гласаа само 78-те пратеници од неговата Популистичка партија „Акција на незадоволните граѓани“ (АНО).
Вкупно 117 пратеници гласаа „против“, а петмина се воздржаа од гласање.
