Образование

Почна второто полугодие во училиштата

22.01.2018 10:40

Заврши тринеделниот зимски распуст. Во второто полугодие ќе треба да се одработат и две саботи поради определениот фонд на часови...

За околу 270 илјади основци и средношколци почнува второто полугодие од учебната 2017-2018 година. Заврши тринеделниот зимски распуст.

Поради продолжениот викенд беше одложен и почетокот на полугодието. Во второто полугодие ќе треба да се одработат и две саботи поради определениот фонд на часови.

Годинава нема полагање екстерно, беше укинато на почетокот на учебната година. Учениците што завршуваат средно образование ги чека полагањето на матурскиот испит.