Утре во Давос средба Заев- Ципрас
Владата ги анализира предлозите на Медијаторот Нимиц, се вложуваат напори за инклузивност на процесот. Утре на маргините на самитот во Давос, средба на премиерите Заев и Ципрас...

Утре на маргините на Светскиот економски форум во Давос, средба на премиерите на Македонија и на Грција, Заев и Ципрас.
Разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме, вели грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас. Од Владата во Атина очекуваат да се направи напредок во насока на изнаоѓање едно заемно прифатливо решение.
Посредникот на Обединетите нации во разговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц во следниве десет дена планира посета на Скопје и на Атина. Дотогаш треба и двете страни да го разгледаат понуденото на последната средба во Њујорк.
Од Владата велат дека се во тек консултациите, се прават напори процесот да биде инклузивен.
