Влада на РМ

Лидерска средба за предлогот на Нимиц

24.01.2018 13:04

Кабинетот на министерот за надворешни работи Димиторв е во координација со Кабинетот на претседателот Иванов за организација на средба за рамката на која ќе бидат присутни повеќе политички субјекти.

Средбата во Давос на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, е исчекор напред кон решение за спорот за името, изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Одговарајќи на новинарско прашање тој потсети дека премиерот Заев неколкупати досега истакна дека е оптимист и двете земји ќе успеат да најдат решение за спорот кое ќе биде достоинствено и за двете страни.

Самата средба претставува исчекор напред кон решение. Владата веќе го започна процесот на анализа и на координација околу најновата рамка на медијаторот Метју Нимиц. Очекуваме да изградиме широк национален консензус, рече портпаролот Бошњаковски.

Тој посочи дека Кабинетот на министерот за надворешни работи Димиторв е во координација со Кабинетот на претседателот Иванов за организација на средба за рамката на која ќе бидат присутни повеќе политички субјекти. Датумот за средбата во моментов се уште не е прецизиран, но, вели, ќе се случи наскоро.

Во однос на посетата на медијаторот Нимиц, рече дека во текот на денот ќе биде познат датумот кога таа ќе се оствари.