Собрание на РМ

Помина предлогот за кратење на патните трошоци за пратениците

24.01.2018 13:08

Комисијата реши да се формира и работна група која треба да поднесе извештај за измените и да подготви амандмани во второто читање на законот...

Во собраниската Комисија за политички систем минаа измените во Законот за пратеници во прво читање, со кој се предлага да се намалат средствата за патни трошоци за народните избраници. Се предвидува- 46 пратеници наместо 30, да добиваат 20 насто надоместок.

Комисијата реши да се формира и работна група која треба да поднесе извештај за измените и да подготви амандмани во второто читање на законот, за како што рекоа, да се изнајде оптимално решение, кое што ќе биде во интерес на граѓаните и на поефикасно вршење на функцијата пратеник.