До крајот на февруари Владата со конечна одлука за изградба на Клиничкиот центар
Вредноста на проектот е 120 милиони евра, од кои 70 милиони се кредит од банката на Советот на Европа, а преостанатите пари ќе се обезбедат од буџетот.

Владата ги разгледа сите опции и до крајот на февруари ќе се донесе конечната одлука за изградба на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, по што ќе почне изградбата. Засега, не се открива дали објектот ќе се гради на истата локација.
Рокот за изградба е три и пол години и дополнителна година и пол за реконструкција на постојната зграда на хируршките клиники. Вредноста на проектот е 120 милиони евра, од кои 70 милиони се кредит од банката на Советот на Европа, а преостанатите пари ќе се обезбедат од буџетот.
Во новиот објект ќе има 21 клиника, а на сегашната локација остануваат клиниките за детски болести, кардиологија, инфективна, максилофацијална хирургија.
