Бојкот на наставата на турски јазик во Кичево
Тие бараат таблата на називот на објектот каде што се одвива наставата „Мемет Акиф Ерсој“ да биде изложена надвор, а не внатре во објектот каде што е сега, превозот на учениците да биде со понови автобуси како и да се регулира фондот на часови на професорите.

Второто полугодие во кичевската гимназија „Мирко Милески“ за учениците од турска етничка припадност сѐ уште не е започнато. Тие ја бојкотираат наставата бидејќи, како што велат, не им се исполнети неколку услови.
Тие бараат таблата на називот на објектот каде што се одвива наставата „Мемет Акиф Ерсој“ да биде изложена надвор, а не внатре во објектот каде што е сега, превозот на учениците да биде со понови автобуси како и да се регулира фондот на часови на професорите.
За локалните власти местоположбата на таблата не е проблем, а за превозот велат дека истите автобуси ги користат и сите други ученици. Се очекува на средбата на директорката со родителите да бидат надминати недоразбирањата.
