Почна судскиот процес за уривањето на „Космос“
Во воведното обраќање двајцата обвинители со став дека, Специјалното јавно обвинителство има докази дека обвинетите го извршиле делото поради политичка одмазда. Адвокатите на одбраната побараа да не се снима во судницата, но судијата Огнен Ставрев го отфрли приговорот како неоснован.

Во Кривичен суд, судење за предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.
Обвинети се седум лица меѓу кои, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски. Сите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни и дека работеле почитувајќи ги законите.
Во воведното обраќање двајцата обвинители со став дека, Специјалното јавно обвинителство има докази дека обвинетите го извршиле делото поради политичка одмазда. Адвокатите на одбраната побараа да не се снима во судницата, но судијата Огнен Ставрев го отфрли приговорот како неоснован.
Одбраната ги презентира воведните ставови во Кривичниот суд.
Апелацискиот суд на 4-ти ноември лани реши прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ да можат да се користат како докази во судската постапка.
