Македонско- грчка средба на премиерско ниво на маргините на Светскиот економски форум во Давос
На маргините на Светскиот економски форум во Давос, средба на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Официјално Скопје со оценка дека состанокот е исчекор во процесот за изнаоѓање заемно прифатливо решение за името. Атина извести дека настапува со ставови за надминување на спорот...

Прва средба на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Македонската Влада состанокот го оценува како исчекор во процесот за изнаоѓање заемно прифатливо решение за името. Од официјална Атина, најава дека се настапува со веќе познатите ставови на Грција за име со географска одредница за севкупна употреба.
Во главните градови на двете земји се разгледуваат последниот сет- идеи за кои медијаторот Метју Нимици рече дека претставува нова комбинација од тоа што досега се разговарало.
Тој најави дека ќе ги посети Македонија и Грција за да види што од предложеното на последната рунда разговори во Њујорк е прифатливо за двете страни.
Ирина Гелевска
