Претседателот на Врховен суд, Вангеловски поднесе кривична пријава против судијката Неделкова
Според писменото соопшетние на Врховен, ова следува откако судот утврдил дека Неделкова како поранешен претседател на одделот за казниви дела при Врховниот суд на 25.03.2016 година изготвила писмо со невистинита содржина.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски поднесе кривична пријава против судијката Лидија Неделкова. Според писменото соопшетние на Врховен, ова следува откако судот утврдил дека Неделкова како поранешен претседател на одделот за казниви дела при Врховниот суд на 25.03.2016 година изготвила писмо со невистинита содржина.
Го адресирала до Основниот суд Скопје 1- Скопје, во кое е наведено дека одделот за казниви дела го разгледал барањето и дека дал одговор со кој укажал на потребата јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите соодветно да се легитимира по однос на својата надлежност, а поврзано со конкретен кривично правен настан, иако одделот не решавал и не се произнел по барањето.
Истото писмо повторно е заведено со датум од 01.12.2016 година и доставено до Кривичниот суд.
