Јанчев: Ќе поднесеме амандмани за Законот за јазици

24.01.2018 15:14

Законот има бројни пропусти и затоа е несфатливо неконструктивното однесување на СДСМ и одбивањето на предлозите да се формираат работни групи...

ВМРО-ДПМНЕ се враќа во собраниските клупи, но само за расправа по однос на Законот за јазиците. Потпретседателот на партијата Митко Јанчев рече дека се подготвуваат низа амандмани кои ќе бидат поднесени.

Законот има бројни пропусти и затоа е несфатливо неконструктивното однесување на СДСМ и одбивањето на предлозите да се формираат работни групи составени од претставници на сите парламентарни групи во Собранието на Република Македонија, со вклучување на експертска и стручна јавност од Правните факултети во државата, претставник од кабинетот на Претседателот на Републиката и од МАНУ. Сигурни сме дека ваквата дебата ќе придонесеше за подигнување на довербата и демократската атмосфера кои ќе резултираа со отстранување на неуставните елементи на овој закон за јазици, вели Јанчев.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека Законот ќе предизвика долгорочни последици во државата и граѓаните.