Џафери ќе се сретне со комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мужниекс

01.02.2018 10:34

Мужниекс потоа ќе има заеднички состанок и со членовите на делегацијата на Собранието на Република Македонија при Парламентарното собрание на Советот на Европа, на постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и со пратениците Самка Ибраимоски и Амди Бајрам.

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нил Мужниекс, кој е во посета на Македонија, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Мужниекс потоа ќе има заеднички состанок и со членовите на делегацијата на Собранието на Република Македонија при Парламентарното собрание на Советот на Европа, на постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и со пратениците Самка Ибраимоски и Амди Бајрам.

Комесарот за човекови права на Советот на Европа вчера имаше средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров и со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.