Јавна расправа за ефектите од измените на Законот за минерални суровини
Измените на законот се на дневен ред на 32-та седница, и се носат по скратена постапка, а поднесени се од неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство.

Собраниската комисија за економски прашања денеска организира јавна расправа за ефектите од примената на предложените измени и дополнувања на Законот за минерални суровини врз животната средина и економијата.
Измените на законот се на дневен ред на 32-та седница, и се носат по скратена постапка, а поднесени се од неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство.
Целта на измените е да се забрани користењето на цијаниди, сулфурна киселина и други опасни супстанции при геолошките истражувања, експлоатацијата и преработката на минерални суровини во рударството, заради заштита на животната средина, здравјето на вработените и локалното население.
Македонската асоцијација за рударство побара јавна дебата и најави дека овој закон може да доведе до затворање на најголемите рудници во земјава, а странските концесионери да побараат отштета од државата меѓу една и три милијарди евра.
