Отворен ден во ДИК по повод Глобалниот ден на изборите
Ова е прв пат од своето постоење ДИК да ги отвори своите врати за граѓаните, а интенцијата е ваквите денови да станат редовна пракса.

По повод Глобалниот ден на изборите, кој секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари, стручната служба на Државната изборна комисија организира отворен едукативен ден за граѓаните.
Ова е прв пат од своето постоење ДИК да ги отвори своите врати за граѓаните, а интенцијата е ваквите денови да станат редовна пракса.
На овој ден сите заинтересирани граѓани можат да ги посетат просториите на ДИК, каде ќе проследат едукативна презентација преку која ќе се информираат околу остварувањето на своето избирачко право со особен фокус на водењето на избирачкиот список.
Воедно, граѓаните ќе можат да постават и прашања до вработените во стручната служба на ДИК.
