Од 20 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз во Скопје
Eпизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината...

Град Скопје соопшти дека од вечер во 20 часот се укинува бесплатниот градски превоз во Скопје, а веднаш се укинуваат вонредните мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот, по добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 200 µг/м3 и епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината.
Со тоа, мерките и препораките за намалување на загадувањето на воздухот се укинуваат веднаш. Но, Град Скопје за да им овозможи на граѓаните коишто на своите работни места пристигнале со автобус, бесплатно да се вратат дома, од вечер во 20 часот го укинува бесплатниот јавен превоз, соопштуваат од Град Скопје.
Посочуваат дека овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.
