Разговори за името

Нимиц на разговори со Димитров, по средбите со Иванов и Заев

01.02.2018 12:35

Од обемната агенда на медијаторот Метју Нимиц веќе се реализираа средбите со претседателот Иванов и со премиерот Заев. Трета во агендата е средбата со шефот на дипломатијата Димитров по што се предвидени и изјави за медиумите...

Медијаторот Нимиц, по средбите со претседателот Ѓорге Иванов во вилата „Водно“ и со премиерот Зоран Заев во Владата, попладнево пристигна во МНР на разговори со шефот на дипломатијата Никола Димитров. Предвидено е, Нимиц и Димитров по средбата да дадат изјави за медиумите.

Нимиц потоа заминува во Собранието на средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Медијаторот во Македонија пристигна вчера и кусо изјави дека „по Атина очекува добри разговори и во Скопје“.