Заев: Партнерство меѓу владите, приватниот сектор и образованието за напредно општество
Улогата на владите и на нејзините политики е да обезбедуваат мотивирачка средина за севкупниот приватен сектор. Да создаваат и спроведуваат услови за бизнис и за менаџирање со фер и транспарентна регулатива, истакна Заев.

Во Скопје почна да работи германскиот Институт за бизнис и менаџмент „Хајделберг“. Овозможува тесна соработка меѓу владите, бизнисот и образованието, со фокус на праксата и поддршката на приватната иницијатива. На отворањето на Институтот присуствуваше и премиерот Заев.
Улогата на владите и на нејзините политики е да обезбедуваат мотивирачка средина за севкупниот приватен сектор. Да создаваат и спроведуваат услови за бизнис и за менаџирање со фер и транспарентна регулатива, истакна Заев.
Оттука, како што нагласи премиерот, доаѓаме до следниот заклучок- дека доколку сакаме реализација на нашите развојни цели, доколку сакаме да изградиме општество што расте и напредува, приватниот сектор, владите и образовните системи мора да работат заедно.
Институтот за бизнис и менаџмент „Хајделберг“, во соработка со Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ), ја организираа Првата меѓународна конференција со наслов „Меѓународни стандарди за контролинг- имплементација во пракса“.
