Хан: 2025-та е симболичен, а не прецизен датум за проширување на ЕУ
02.02.2018 12:57
Не постои бланко чек или пократок пат до Унијата туку само резултат и реформи, вели Хан. Според еврокомесарот, побитен е квалитетот отколку брзината...

2025-та година е симболичен, а не прецизен датум за проширување на Унијата, вели еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан за виенски „Курир“.
Не постои бланко чек или пократок пат до Унијата туку само резултат и реформи, вели Хан. Според еврокомесарот, побитен е квалитетот отколку брзината.
Тој дополнува- „проширувањето е регата, а не конвој“, додавајќи дека во натпреварот се сите земји од Западниот Балкан.
