„Детектор за лаги“ на социјалните мрежи

21.02.2014 19:17

Европски истражувачи моментно работат на развој на систем, со кој би можело да се препознаат лагите на Твитер, Фејсбук и другите социјални мрежи.

Идејата на софтверот Pheme е да ги одвои шпекулациите и лагите од вистината, а истражувачите велат дека тоа можат да го направат со лоцирање на твитови и постови, да ја проценат нивната искреност и да се пријават резултатите во реално време.

Иницијативата е финансирана од страна на ЕУ, а причина е големиот број на лажни постови во 2011 година, за време на бунтот во Лондон.

Се поставува прашањето дали тоа значи дека овој софтвер ќе знае да препознае и различни преработки во Фотошоп.

- Нема да ги анализираме фотографиите, така што ниту промените нема да бидат детектирани, бидејќи технички тоа е многу попроблематично, изјави еден од истражувачите на Универзитетот во Шефилд.

Се очекува овој софтвер да биде подготвен за тестирање за околу 18 месеци, а новинарите ќе го пробаат први.

Лажните твитови ќе бидат поделени во четири категории - шпекулација, контроверзно, погрешна информација и дезинформација.