Смартфон со 3Д сензори од „Google“

21.02.2014 19:24

Компанијата „Гугл“ претстави прототип на смартфон со сопствен хардвер и софтвер што овозможува создавање на тридимензионални мапи на средината што го опкружува корисникот.

Сензорите на уредот вршат над 250.000 3Д мерења во секоја секунда и ја ажурираат својата позиција во реално време.

Според Гугл оваа технологија има потенцијална примена во видео игрите и мапирање на затворен простор, што ќе го олесни самостојното движење на лицата со оштетен вид.

Компанијата обезбеди 200 прототип уреди на експертите за развој на апликации, со соопштение дека Одделот за напредна технологија и проекти телефонот го развил како дел од проектот „Танго“.