ЕПИ: Како и зошто во ЕУ?
05.02.2018 10:22
Институтот за европска политика денеска во Скопје ќе ги презентира податоците од дебатната анкета „Граѓаните прашуваат - како и зошто во ЕУ“, што ја спроведе лани во ноември...
Во пресрет на објавувањето на стратегијата за проширување на Западниот Балкан од страна на Европската комисија, Институтот за европска политика денеска во Скопје ќе ги презентира податоците од дебатната анкета „Граѓаните прашуваат - како и зошто во ЕУ“, што ја спроведе лани во ноември.
Ставовите, додаваат од Институтот, се добиени со примена на методот на дебатна анкета, кој е имплементиран во соработка со Центарот за делиберативна демократија на универзитетот Стенфорд во САД, а проектот е изработен со финансиска поддршка од Цивика Мобилитас.