Грчката противпожарна служба објави видео од операцијата за извлекување на телата на починатите планинари

12.02.2018 12:39

Калина Велевска (27) и Александар Миновски (35) загинаа вчера на врвот Кајмакчалан, на планината Ниџе, по пад во бездна...

Грчката противпожарна служба објави видео од операцијата за извлекување на телата на починатите планинари Калина Велевска и Александар Миновски.

Болнички извори за МТВ потврдуваат дека нивните тела се сѐ уште во болницата во Воден каде се утврдуваат причините за смртта. Грчките пожарникари во текот на вчерашниот ден ги пронајдоа загинатите планинари на грчката страна од планината Ниџе на 2.524 метри надморска височина каде имало силно невреме.

Тие биле дел од група од 50 планинари кои го искачувале Кајмакчалан, но по некое време им се губи трагата. Нивното исчезнување го пријавиле планинарите откако забележале дека Велевска и Миновски не се со групата, а грчките служби ги лоцирале по сигналот од мобилниот телефон.