Мицкоски ја почна посетата на Словенија

12.02.2018 12:51

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Словенија веќе се сретна со лидерот на словенечката опозиција Јанша со кого разговарале за соработката, политичката состојба и за членството во ЕУ и во НАТО...

Почна неколкудневната посета на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на регионот. Тој во Словенија веќе се сретна со лидерот на словенечката опозиција Јанша со кого разговарале за соработката, политичката состојба и за членството во ЕУ и во НАТО.

Македонија мора да оствари реален напредок во областа на евроинтеграциите, а воедно да се престане со голиот популизам на владата без реформи.

Мицкоски на регионалната турнеја по Словенија ќе ги посети и Хрватска и Србија.