Гасоводот ќе стигне до Битола во 2020-та
Општина Битола е една од седумнаесетте општини која е опфатена со првата фаза од градењето на националната гасоводна мрежа. Од државната компанија велат дека до Битола гасоводот треба да стигне до 2020-тата година. Општината со годинешниот буџет одвои средства за подготовка на проектната документација по што ќе следи поставување на примарната мрежа...

Според најавите на првиот човек на државната компанија задолжена за градење на првата фаза на нациналната гасоводна мрежа, системот до вратата на Битола ќе стигне до јанури 2020-та годуна. Велат дека се задоволни што општината ги отсранила укажаните недостатоци и што во актуелниот буџет се издвоени средста за проектирање за поставување на примарната мрежа. Во следните 20-ина месеци се фокусираме на оваа проблематика за подготвени да го дочекаме национлниот проект, вели битолскиот градоначалник.
„Ние согласно со подготовките што ги правиме веќе ги имаме определено двете главни линии по кој ќе се движи гасоводната мрежа. Имаме направено анализа кои стопански субјекти примарно би се приклучиле. Ни останува период на агитирање и максимизирање во мотивацијата на грѓаните“, вели градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.
Битола е една од седумнаесетте општини опфатени со првата фаза од проектот. Гасот е далеку поевтин енергенс, а финансиските придобивки ќе ги почувствуваат и граѓаните и стопанството.
„Гасот како енергенс ќе придонесе битолското стопанство да биде поатрактивно да ги поттикне инвестициите и отворањето на нови работни места, а со тоа и зголемување на стандардот на граѓаните“, вели директорот на МЕР, Благојче Котевски.
Нема сомнение дека придобивките од рализацијата на овој проект би се почувствувале од економијата до екологијата, со што и високиот процент на заболувања како последица на загадениот воздух драстично би се намалил.
Стевче Митревски
