Снег на дел од патиштата, сообраќајот без забрани

15.02.2018 12:37

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег ...

Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Гостивар, но во моментов не претставува пречка за одвивање на сообраќајот, информира ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипи на „Македонија пат“.

Во североистичните и источните делови коловозите се наместа влажни. Во централните и јужните делови од државата, коловозите се претежно суви, информира АМСМ.