Османи: Постои придвижување, дебатата за името да не се води преку медиуми

15.02.2018 13:36

За името не може да се дебатира на медиумите- изјави вицепремиерот за евроинтеграции Османи. Тој повика на дискреција во однос на разговорите за разликата...

Постои придвижување и не гледам друга алтернатива во однос на решавањето на прашањето за името. Клучно за успехот на овој процес е дебатата да не се одвива преку медиуми, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Не велам дека во еден момент нема да излеземе со сите опции, но процесот сѐ уште не е зрел за да можеме да го изложиме во јавноста. Тие што се обидуваат сега да наметнат различни теми за ова прашање што не се суштествени, се обидуваат да му одмогнат на процесот, а верувајте дека има сили кои не сакаат Македонија да го затвори прашањето и да успее, посочи Османи.

Вицепремиерот потврди дека од седум точки во преговорите, три се полесни, а четири се потешки, меѓутоа, додаде, ако сега почнуваме да лицитираме, дебатираме и да испраќаме пораки, тоа е моделот за неуспех.