Караџовски: Лажни вести за разрешување на стотина судии

15.02.2018 14:01

Формираме комисија за само петмина судии за утврдување одговорност, изјави првиот човек на Судскиот совет...

Во јавноста се проширија лажни вести за разрешување на стотина судии- изјави претседателот на Судскиот совет, Караџовски. Формираме комисија за само петмина судии за утврдување одговорност, доплни Караџовски.

Нема рокови до кога треба Комисијата да заврши со работата, рече Караџовски но, како што додаде, добро е што Законот за Судски совет има предвидено добри механизми, затоа што често пати се случуваат проблеми и со доставување на писмата и поканите.

Има добри механизми во Законот, така што мислам дека постапката на тие комисии нема долго да трае, а по завршување на дејствијата на Комисијата рокот во кој треба да достави извештај до Судскиот совет е 15 дена, додаде тој.