Обвинителството ја очекува од грчките колеги документацијата за загинувањето на двајцата планинари

15.02.2018 14:09

По приемот на документите велат во Обвинителството, ќе се одлучи за поведување на кривичната одговорност за трагичниот настан.

Македонското Обвинителство ја очекува од грчките колеги документацијата и обдуктивниот наод, за загинувањето на двајцата македонски планинари на планината Ниџе во минатата недела.

По приемот на документите велат во Обвинителството, ќе се одлучи за поведување на кривичната одговорност за трагичниот настан.

Планинарскиот клуб „Трансверзалец“, за утре најавува повеќе детали за загинувањето на нивните челенови Калина Велевска и Александар Миновски. Клубот, велат, ги доставил сите информации до надлежните институциите. На својата Фејсбук страна изразија сочуство до семејствата.

Претходно родителите на загинатите побараа одговорност од клубот и изразија сомневање во професионалноста на организаторите.

Смртта на Калина и Александар ќе ја истражува и Федерацијата на планинари. Формирана е посебна комисија која треба да ги утврди околностите на загинувањето.