Над 70 граѓански организации бараат различен даночен третман од компаниите

15.02.2018 14:56

Граѓанските организации посочуваат дека главен предизвик во нивното работење е финансиската одржливост.

Законски измени во поправеден даночен третман на граѓанските организации, побараа над 70 невладини здруженија. Сметаат дека се потребни олеснувања во делот на донациите и спонзорствата за непрофитните субјекти.

Граѓанските организации посочуваат дека главен предизвик во нивното работење е финансиската одржливост.

Според претставниците на здруженијата, промената на правната околина во која функционираат би можела да придонесе за градење одржливи граѓански организации, коишто нудат решенија за предизвиците во заедницата.

Согласно со последните податоци, во Македонија има вкупно 4.148 граѓански организации.

 

Наташа Јанчиќ