Заев за ОРФ: Македонија се надева на решение со Грција до јули
Премиерот нагласува дека влезот на Македонија во НАТО е повеќе од извесен, доколку се пронајде решение за спорот...

Македонија се надева дека до Самитот на НАТО во јули ќе се пронајде решение за спорот со Грција околу уставното име на земјава. Верувам дека ќе успееме успешно да ги завршиме преговорите до самитот на НАТО во јули, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за австриската радиостаница ОРФ.
Како што пренесува МИА, премиерот нагласува дека влезот на Македонија во НАТО е повеќе од извесен, доколку се пронајде решение за спорот.
Имаме автоматска покана, што значи дека членките на НАТО ќе почнат со ратификација на нашето пристапување, откако ние и Грција ќе најавиме дека спорот е решен, додаде Заев.
Самитот на НАТО е закажан за 11-ти и 12-ти јули во Брисел.
