Нема договор за пленарна седница
Извесно е дека седницата за пратенички прашања треба да се одржи во четврток на 22-ри февруари. Од Кабинетот на Џафери велат дека кога ќе има одлука за пленарна седница, тоа ќе биде објавено на собраниската веб-страница.

И по завршувањето на редовната координација на претставници на пратеничките групи со претедателот на Собранието, Талат Џафери, нема информација дали неделава ќе има пленарна седница или седница на некоја од комисиите.
Извесно е дека седницата за пратенички прашања треба да се одржи во четврток на 22-ри февруари. Од Кабинетот на Џафери велат дека кога ќе има одлука за пленарна седница, тоа ќе биде објавено на собраниската веб-страница.
Пленарка не се закажува поради тоа што во Собранието повторно нема кворум за работа, бидејќи неколку пратеници заминуваат на службено патување во Виена.
ВМРО-ДПМНЕ и натаму нема да учествува во работата на Парламентот, а нивен претставник не бил на координацијата кај Џафери.
Собранието треба да расправа за над 35.000 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јазиците, за реформските закони за следење на комуникациите, за законите за намалување на патните трошоци на пратениците и именуваните лица.
