Коѕијас во Скопје до крајот на февруари или почетокот на март
19.02.2018 14:28
Како причина за пролонгирањето на посетата на Скопје се наведуваат згуснатите и веќе претходно договорени агенди на двајцата министри, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Шефот на грчката диломатија Никос Коѕијас повторно доаѓа во Скопје, до крајот на овој месец или почетокот на март, информираат од македонското МНР, пренесува МИА.
Како причина за пролонгирањето на посетата на Скопје се наведуваат згуснатите и веќе претходно договорени агенди на двајцата министри, Никола Димитров и Никос Коѕијас.
Грчки медиуми претходно објавија дека Коѕијас неделава треба да го посети Скопје.
