Продолжуваат превирањата во БЕСА

19.02.2018 15:17

По конгресот во Тетово и изборот на Африм Гаши, поддржувачите на Касами изјавија дека единствен и легитимен конгрес на партијата е закажан за 24-ти февруари.

Продолжуваат превирањата во движењето БЕСА. И скопското и тетовското крило тврдат дека тие се легитимните претставници на партијата. По конгресот во Тетово и изборот на Африм Гаши, поддржувачите на Касами изјавија дека единствен и легитимен конгрес на партијата е закажан за 24-ти февруари.

Не коментираат, како што рекоа собири на други партии, туку ставови на БЕСА. Конгресот во Тетово, велат нема врска со движењето и нејзината лигитимна и легална структура. Портпаролот Демири информираше дека се формирани општинските ограноци на БЕСА и се назначени 505 делегати за првиот партиски конгрес. Објавен е и рокот за доставување на кандидатури за избор на нов претседател на партијата.

Додека тетовското крило се подготвува за конгресот во сабота и за изборот на новиот лидер, Африм Гаши веќе најавува интензивирање на соработката со политичките партии. Најави средби со Зијадин Села и Мендух Тачи, а потоа и со Ахмети, Заев и Мицкоски.

Во меѓувреме, судот треба да донесе одлука кое крило од БЕСА ќе ги задржи името, логото и печатот на партијата.

 

Викторија Милевска