Фронтекс: Македонците меѓу највраќаните лица од ЕУ
Според Фронтекс, лани биле вратени 1.602, а во 2016-та година, 1.676 македонски државјани. Најмногу од репатрираните се и натаму албанските државјани, околу 41 илјада...

Македонските граѓани се рангирани во 10-те земји според присилно вратени лица од Унијата, пишува во најновиот извештај за 2018-та што го објави го Европската гранична полиција.
Според Фронтекс, лани биле вратени 1.602, а во 2016-та година, 1.676 македонски државјани. Најмногу од репатрираните се и натаму албанските државјани, околу 41 илјада.
Следуваат Украинците, Ирачаните, Пакистанците, Мароканците, Тунижаните. Што се однесува до илегалната имиграција, Фронтекс посочува на натамошен пад на бројот на мигрантите преку Западниот Балкан, а трендот се зголемува преку централниот, особено западниот Медитеран.
Лани во ЕУ незаконски влегле околу 181 илјади лица, од нив 11% биле Сиријци. Во овој период е намален и шверцот со мигрантите од Африка и Азија во Европа, откриени се околу 10 илјади шверцери, 19 насто помалку од лани, пишува во извешатјот на Фронтекс.
