Секоја година околу 300 нови бубрежно болни
Во Македонија има 1.600 пациенти кои се во краен стадиум на хронична бубрежна болест. Од нив, 1.350 на дијализа примаат редовен третман, на 250 им е пресаден бубрег. Секоја година нови 300 пациенти почнуваат со терапија. Одбележан Светскиот ден на превенција на бубрежните болести.

1.600 пациенти се лекуваат со дијализа од кои 215 се трансплантирани, а 32 се на перитонеална дијализа. Секоја година околу 300 нови бубрежно болни. Сѐ поголем е бројот на оние кои ја губат битката во првите месеци од болеста. Оваа година се направени четири трансплантации, а до крајот на месецот се предвидени уште две.
Во земјава има солидна дијализа, сепак, потребно е да се доопремат дел од центрите, да се воведат нови процедури во лекувањето и да заживее трансплантација од починат донор, која веќе трета година по ред не се извршува, истакна претседателот на Здружението на бубрежно болни „Нефрон“.
Оливера Стојчева- Танева од Универзитетската Клиника за нефрологија, истакна дека жените, многу почесто имаат инфекции на урогениталниот тракт, како и едно од системските заболувања, а тоа е нарушување на имунолошкиот систем.
Иако е многу тешко да забременат жените со хронично бубрежно заболување, има и такви кои забремениле и родиле. Компликациите се бројни по плодот, ако жената има понапреднат стадиум на хронична бубрежна болест.
Трансплантираните жени полесно можат да забременат и полесно може да се одвива нивната бременост, додаде Стојчева- Танева.
Ана Јосифоска- Тодоровска
