Собранието го осудува холокаустот, усвоена декларација

12.03.2018 15:23

Македонското Собрание го осудува холокаустот и сите форми на геноцид и кршење на човековите права. Усвоена декларација. Одржана седница посветена на 75- годишнината од депортацијата на македонските Евреи...

Нашата трајна определба е никогаш да не бидат заборавени 7.144 депортирани Евреи од Македонија во логорот Треблинка. Пратениците испратија порака- Холокаустот или кој било друг геноцид никогаш да се повторат. Усвоена декларација.

Македонија и Израел имаат слична историја и судбина, рече во своето обраќање, заменик- министерот за одбрана, Бен- Дахан. Говореше во македонското Собрание за храбрите одлуки на наштите сограѓани кои во текот на Втората Светска војна спасиле од сигурна смрт свои соседи- Евреи.

Декларацијата ќе биде доставена до израелскиот Кнесет, Обединетите нации, Советот на европа, ОБСЕ и други меѓународни институии, а ќе биде објавена и во Службен весник на Република Македонија.

 

Андријана Атанасовска